Во категоријата ,,Б“ спаѓаат моторните возила чија најголема дозволена маса не надминува 3 500 kg, кои немаат повеќе од осум седишта не сметајќи го седиштето на возачот, на кои можат да се придодадат приклучни возила, чија најголема дозволена маса не надминува 750 kg согласно со прописите од областа на единечно одобрение на возило. Моторните возила од оваа категорија можат да се комбинираат со приклучни возила со најголема дозволена маса поголема од 750 kg, под услов најголемата дозволена маса на комбинацијата на возила да не надминува 4 250 kg.
Потребни документи за полагање возачки испит:
Наполнети 18 години возраст или
Лична карта
Уверение за здравствената и психофизичката способност за управување со моторни возилa
Доказ за завршено најмалку основно образование на кандидатот за возач (фотокопија заверена на нотар)
Согласност од двајцата родители, законскиот застапник или старателот, заверена на нотар
Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач (20 н/ч теор. и 36 н/ч практ.)
Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач од областа на укажување прва помош на лица повредени во сообраќајна незгода (ако не поседува друга катег.)
Доказ за уплатен износ на трошоци сврзани со полагање на возачкиот испит
Пријава за полагање на возачки испит
Потребни документи за полагање возачки испит за возач кој поседува „А1“, „А2“ и „А“ категорија:
Наполнети 18 години возраст или
Лична карта
Уверение за здравствената и психофизичката способност за управување со моторни возилa
Доказ за завршено најмалку основно образование на кандидатот за возач (фотокопија заверена на нотар)
Согласност од двајцата родители, законскиот застапник или старателот, заверена на нотар
Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач (4 н/ч теор. и 36 н/ч практ.)
Фотокопија од возачка дозвола заверена на нотар