ЗА КАНДИДАТИТЕ

Категорија Ц1Е

 

 

Во категоријата „Ц1E“ спаѓа група на возила влечени од страна на возило од категорија „Ц1“ и чија најголема дозволена маса на приклучно возило е поголема од 750 kg, притоа групата да не надминува 12 000 kg, како и група на возила влечена од страна на возило од категорија „Б“ чија најголема дозволена маса на приколка надминува над 3 500 kg, без притоа групата на возила да не надминува 12 000 kg согласно прописите од областа на единечно одобрение на возила.

 

Потребни документи за полагање возачки испит:

 

  • Наполнети 18 години возраст
  • Најмалку една година да поседува возачка дозвола од категорија „Ц1“
  • Фотокопија од возачка дозвола заверена на нотар
  • Лична карта
  • Уверение за здравствената и психофизичката способност  за управување со моторни возилa
  • Доказ за завршено најмалку основно образование на кандидатот за возач    (фотокопија заверена на нотар)
  • Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач (4 н/ч теор. и 8 н/ч практ.)
  • Доказ за уплатен износ на трошоци сврзани со полагање на возачкиот испит
  • Пријава за полагање на возачки испит
  •  

    Забелешка: За оваа категорија се полага само втор практичен дел од возачкиот испит.