Категорија АМ
Потребни документи за полагање возачки испит:
Забелешка: За оваа категорија се полага само теоретскиот дел од возачкиот испит.
Мотокултиватор е моторно возило со една или две осовини, чија најголема сила на моторот е 12 киловати и кое е конструирано така да носи, влече или потиснува разни менливи приклучоци и орудија или да служи за погон на такви орудија или за влечење на лесна приколка.
Велосипед со помошен  мотор е возило со  погон на педали, кое како дополнување може да има мотор со внатрешно согорување,   со работна зафатнина која не  е поголема од  50 см3 или електромотор со најголема  континуирана излезна силина од  0,25 kw,  при што дејството на моторот се исклучува кога брзината ќе достигне 25км/ч  или ако велосипедистот го прекине  дејствувањето на педалата.
Мопед е возило на моторен погон со две  или  три тркала, чија работна зафатнина  на моторот со внатрешно согорување не е поголема од  50см3, односно силата на електромоторот не  поминува повеќе од  4kw и чија брзина на  рамен пат е ограничена најмногу на 45 км/ч.
Трицикл е возило на моторен погон со три тркала симетрично поставени
по должината на оската на возилото, чија маса не е поголема од 400 kg - ако е
наменето за превоз на лица, односно 550 kg - ако е наменето за превоз на товар
(без батерија ако возилото е на електричен погон), чија работна зафатнина на
моторот со внатрешно согорување е поголема од 50 cm3 и чија најголема
дозволена брзина е поголема од 45 km/h;
Лесен четирицикл е возило на моторен погон со четири симетрично поставени тркала, чија маса не е поголема од 350 kg (без батерија и со сила на моторот не е поголема од 4 кw ако возилото е на електричен погон), чија работна зафатнина на моторот со внатрешно согорување не е поголема од 50 cm3 и чија конструкциски најголема дозволена брзина не е поголема од 45 km/h; 


