Во национална категорија ,,Г“ спаѓаат мобилни машини. Со дозволата за управување на возилата од оваа национална категорија, може да се управуваат и мотокултиватори.
Потребни документи за полагање возачки испит:
Наполнети 16 години возраст
Лична карта
Уверение за здравствената и психофизичката способност за управување со моторни возилa
Доказ за завршено најмалку основно образование на кандидатот за возач (фотокопија заверена на нотар)
Согласност од двајцата родители, законскиот застапник или старателот, заверена на нотар (ако не наполнило 18 години)
Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач (12 н/ч теор.)
Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач од областа на укажување прва помош на лица повредени во сообраќајна незгода (ако не поседува друга катег.)
Доказ за уплатен износ на трошоци сврзани со полагање на возачкиот испит
Пријава за полагање на возачки испит
Забелешка: За оваа категорија се полага само теоретскиот дел од возачкиот испит.