Во категоријата „Ц1“ спаѓаат моторни возила кои не спаѓаат во категориите „Д1“ или „Д“, чијашто најголема дозволена маса е поголема од 3 500 kg, но помала од 7 500 kg, кои се конструирани за пренос на не повеќе од осум патници покрај возачот. Моторните возила од оваа категорија можат да се комбинираат со приколка со најголема дозволена маса помала од 750 kg.
Потребни документи за полагање возачки испит:
Наполнети 18 години возраст
Најмалку една година да поседува возачка дозвола од категорија „Б“
Фотокопија од возачка дозвола заверена на нотар
Лична карта
Уверение за здравствената и психофизичката способност за управување со моторни возилa
Доказ за завршено најмалку основно образование на кандидатот за возач (фотокопија заверена на нотар)
Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач (10 н/ч теор. и 20 н/ч практ.)
Доказ за уплатен износ на трошоци сврзани со полагање на возачкиот испит
Пријава за полагање на возачки испит