ЗА КАНДИДАТИТЕ

Категорија ДЕ

 

 

Во категоријата „ДE“ спаѓаат група на возила влечени од страна на возило од категорија „Д“ чија најголема дозволена маса на приколката е поголема од 750 kg согласно прописите од областа на единечно одобрение на возила.

 

Потребни документи за полагање возачки испит:

 

  • Наполнети 24 години возраст
  • Најмалку една година да поседува возачка дозвола од категорија „Д“
  • Фотокопија од возачка дозвола заверена на нотар
  • Лична карта
  • Уверение за здравствената и психофизичката способност  за управување со моторни возилa
  • Доказ за завршено најмалку основно образование на кандидатот за возач    (фотокопија заверена на нотар)
  • Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач (4 н/ч теор. и 8 н/ч практ.)
  • Доказ за уплатен износ на трошоци сврзани со полагање на возачкиот испит
  • Пријава за полагање на возачки испит
  •  

    Забелешка: За оваа категорија се полага само втор практичен дел од возачкиот испит.