Во категоријата „БЕ“ спаѓаат комбинација на возила влечени од страна на возило од категорија „Б“,при што најголема дозволена маса на приклучното возило не надминува 3 500 kg согласно со прописите од областа на единечно одобрение на возила.
Потребни документи за полагање возачки испит:
Наполнети 18 години возраст
Најмалку една година да поседува возачка дозвола од категорија „Б“
Фотокопија од возачка дозвола заверена на нотар
Лична карта
Уверение за здравствената и психофизичката способност за управување со моторни возилa
Доказ за завршено најмалку основно образование на кандидатот за возач (фотокопија заверена на нотар)
Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач (4 н/ч теор. и 8 н/ч практ.)
Доказ за уплатен износ на трошоци сврзани со полагање на возачкиот испит
Пријава за полагање на возачки испит
Забелешка: За оваа категорија се полага само втор практичен дел од возачкиот испит.