ЗА КАНДИДАТИТЕ

Категорија Д

 

 

Во категоријата „Д“ спаѓаат моторни возила за превоз на патници кои имаат повеќе од осум седишта, покрај седиштето на возачот и може да се комбинираат со приколка чија најголема дозволена маса е помала од 750 kg.

 

Потребни документи за полагање возачки испит:

 

  • Наполнети 24 години возраст
  • Најмалку две години да поседува возачка дозвола од  категоријата „Ц“
  • Фотокопија од возачка дозвола заверена на нотар
  • Лична карта
  • Уверение за здравствената и психофизичката способност  за управување со моторни возилa
  • Доказ за завршено најмалку основно образование на кандидатот за возач    (фотокопија заверена на нотар)
  • Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач (10 н/ч теор. и 16 н/ч практ.)
  • Доказ за уплатен износ на трошоци сврзани со полагање на возачкиот испит
  • Пријава за полагање на возачки испит